Будењето со главоболка не е добар почеток на денот – Еве кои може да бидат причините

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Будењето со главоболка не е добар почеток на денот. Oстрата, пулсирачка болка наутро исцрпува уште пред денот да почне, всушност, и кај некои луѓе трае кратко, а други пак, ја чувствуваат и неколку часа подоцна. Според стручњаците, постојат неколку причини за утринската главоболка.

1. Лош сон

Несоницата може да биде причина за главоболки. Научниците открија јасна врска меѓу недостигот на сон и, од друга страна мигрената и главоболката. Недоволен сон го намалува прагот на болка, што ги прави луѓето поподложни на главоболка.

2. Дехидрација

И ако не пие доволно вода, човек може да се разбуди со главоболка. Тоа предизвикува болки коишто може да бидат релативно благи но и потешки.

Дехидрацијата влијае на секој дел од телото, вклучувајќи го и мозокот. Советот гласи – пијте доволно течности за да ги избегнете утринските главоболки.

3. ‘Рчење

Спиењето нарушено од ‘рчење или апнеја (отежнато дишење), исто така, може да биде извор на главоболка при будењето. Сепак, главоболката поврзана со апнеја трае помалку од 30 минути.

4. Лекови и алкохол

- Advertisement -
Ad image

Лековите можат да поттикнат главоболки и тука се препорачува консултација со лекар за можна промена во терапијата. И мамурлакот, како и претерувањето со алкохол може да доведат до главоболка рано наутро.

Share This Article