Брза интервенција на пожарникарите од Кавадарци и Неготино

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ставен е под контрола пожарот кај Неготино, информираше вечерва директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. На пожарот интервенираа пожарникари од Неготино и Кавадарци, а во гаснењето се вклучија и авион на ДЗС и хеликоптер на МВР.

– Бидејќи немаше потреба од второ дејство на авионот на ДЗС, хеликоптер на МВР со ведро од еден тон во два наврати прецизно дејствуваше врз пожарот во боровата т.н. Гоцева Шума во непосредна близина на Неготино, каде во моментов силниот пожар е ставен под контрола, од страна на територијалните противпожарни единици од Неготино и Кавадарци, појасни Ангелов.
Тој додаде дека се очекува и трет прелет на хеликоптерот на МВР, после што леталото ќе се повлече во неговата база.

Од ЦУК додаваат дека вториот хеликоптер на МВР со ведро од три тона дејствуваше во три наврати врз пожарот во месноста Мал Раковец во Демир Капија, со што пожарот благодарение на територијалната против пожарна единица и хеликоптерот е локализиран.

Share This Article