Младата Бразилка Бруна Валеану беше убиена во саботата на фестивал долж границата со Газа каде Хамас направи вистински масакр. Во Израел живеат само нејзината мајка и сестра и побарале на погребот на Бруна да дојдат најмалку 10 возрасни Израелци за да ја испратат по традиција.
Бруна Валеану (24) од Бразил е една од 260-те жртви на фестивалот на смртта во Израел, кој во саботата рано наутро беше нападнат од радикалната група Хамас.
Таа беше погребана во вторникот, а нејзиното семејство побара најмалку 10 возрасни Израелци да присуствуваат на погребот за да ги исполнат условите за традиционален еврејски погреб. Но, тогаш се случи нешто неверојатно. Илјадници луѓе дојдоа на нејзиниот погреб. Колоната за влез на гробиштата се протегала на километри.
Поранешниот советник на израелскиот претседател Ејлон Леви на своите социјални мрежи објави фотографија со неколку автомобили наредени на патот до гробиштата.
„На пат кон погребот на една млада Бразилка убиена на музички фестивал. Беше испратена порака со барање непознати да дојдат на погребот бидејќи тука се само нејзината мајка и сестра. На влезот на гробиштата има колона од два километри“, напиша Леви на платформата X.