Бројот на загинати во Мароко надмина 2.800, преживеаните се уште живеат на отворено

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
A Moroccan soldier comforts a man sitting on rubble in the mountainous area of Tizi N'Test, in the Taroudant province, one of the most devastated in quake-hit Morocco, on September 11, 2023. Medics treated a constant flow of casualties after Morocco's strongest-ever earthquake killed more than 2,800 people, but on September 12 hopes of finding more survivors under the rubble were fading. (Photo by BULENT KILIC / AFP)

Селаните во деловите на Мароко, уништени од најтешкиот земјотрес во земјата во повеќе од еден век, во вторникот спиеја на отворено четврта ноќ, бидејќи бројот на загинати се искачи на повеќе од 2.800.

Тимовите за пребарување од Шпанија, Велика Британија и Катар се приклучија на мароканските напори за пронаоѓање на преживеани од земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што ги погоди планините Високиот Атлас доцна во петокот, уривајќи ги традиционалните куќи од кал што го прекриваат регионот.

Државната телевизија доцна во понеделникот објави дека бројот на загинати се искачи на 2.862 и дека 2.562 лица се повредени. Бидејќи поголемиот дел од областа на земјотресот е во тешко достапни области, властите не објавија проценки за бројот на исчезнати.

Во селото Тинмелу речиси сите куќи се уништени, а целата заедница остана без дом. Низ делови од селото се шири смрдеата на десетици мртви животни закопани под урнатините.

Мухамед Елхасан (59) рече дека бил на вечера со семејството кога се случил земјотресот. Неговиот 31-годишен син истрчал надвор и загинал кога се урнал покривот од куќата на нивниот сосед, заробувајќи го под урнатините.

Елхасан рече дека го барал својот син слушајќи го како вика за помош. Но, на крајот плачот престанал и кога стигнал до својот син, тој бил мртов. Елхасан, неговата сопруга и ќерка преживеале останувајќи во куќата.

„Да останеше во куќата, ќе беше жив“, рече Елхасан.

Жителите на Тинмел и други села изјавија дека со голи раце ги извлекле луѓето од урнатините.

Во Тикехте, каде што останаа неколку згради, 66-годишниот Мухамед Учен опиша како жителите спасиле 25 луѓе – од кои едната била неговата сестра.

- Advertisement -
Ad image

„Бидејќи немавме алатки, копавме со раце“, рече тој. – Се гледаше нејзината глава и продолживме со рачно копање.

Снимката од далечното село Ими Н’Тала, направена од шпанскиот спасувач Антонио Ногалес од хуманитарната група Bomberos Unidos Sin Fronteras (Обединети пожарникари без граници), прикажува мажи и кучиња како се качуваат по стрмните падини покриени со урнатини.

„Нивото на уништување е … апсолутно“, рече Ногалес во понеделникот, борејќи се да го најде вистинскиот збор за да го опише она што го видел. – Сите куќи се уништени.

- Advertisement -
Ad image

И покрај обемот на штетата, тој рече дека спасувачите кои трагаат со кучиња се уште се надеваат дека ќе најдат преживеани.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 72 километри југозападно од Маракеш, каде биле оштетени некои историски градби во стариот град, кој е на списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Земјотресот предизвика голема штета и на историската Тинмел џамија од 12 век.

Share This Article