Во Кина, бројот на дневни смртни случаи поврзани со Ковид-19 е намален за речиси 80 проценти од почетокот на јануари, според кинеските центри за контрола и превенција на болести.
Во понеделник, 23 јануари, кинеските болници забележаа 896 смртни случаи од корона вирусот, што е за 79 отсто помалку од 4 јануари.
За 72 отсто е намален и бројот на тешки случаи во болниците.
Падот на бројот на починати од Ковид-19 се случи откако бранот на епидемијата го достигна својот врв на крајот на декември минатата година и на почетокот на јануари.
Надлежните предупредија и на можно ново зголемување на заразените по прославите и патувањата по повод Лунарната Нова година, кои започнаа на 21 јануари.
Минатиот месец, Пекинг одеднаш се откажа од политиката „нулта ковид“, по што нов бран на инфекција ја зафати земјата.