Бројот на работниците во индустријата за период од една година ( јуни 2023 – јуни 2024 ) се зголемил за 1,2%

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бројот на работниците во индустријата за период од една година ( јуни 2023 – јуни 2024 ) се зголемил за 1,2%, покажуваат податоците што денеска ги објави државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот рударство и вадење на камен во овој период се зголемил за  5,1%. Просекот на зголемен број вработувања во овој сектор го подигаат рудниците за вадење јаглен и лигнит каде што бројот на вработени е зголемен за 12,7.%. Во  преработувачка индустрија бројот на работниците за една година се зголемил за  0,9 %,  додека во во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,0 %.

Во преработувачката индустрија највисок раст на бројот на вработени од 31,8%  секторот за поправка и инсталирање на машини и опрема, потоа во секторот производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место од 27,3%  и во компаниите кои произведуваат моторни возила, приколки и полуприколки од 16%.

Во секторот преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски материјал  има најголемо намалување на бројот н вработени за 14,8%

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2024 година, во однос на јуни 2023 година, бележи пораст кај енергија за 4,7 %, капитални производи за 15,6 % и трајни производи за широка потрошувачка за 16,3 %, додека опаѓање бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 7,8 % и нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,4 %.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јуни 2024 година, во однос на периодот јануари – јуни 2023 година е зголемен за 1,7%.

Share This Article