Бројката на жртвите во Либија се дуплираше?

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Повеќето од жртвите од поплавите во Либија можеле да се избегнат, а земјата можела да издаде предупредувањa, им рече шефот на метеоролошката организација на Обединетите Нации на Петри Таалас на новинарите, пренесува Би-Би-Си.

– Силите за управување со вонредни состојби ќе можеа да извршат евакуација на луѓето и можевме да ги избегнеме повеќето човечки жртви – ја цитира агенцијата АФП неговата изјава.

Експертите велат дека браните најверојатно се направени од фрлена и набиена почва или пак од карпи. Ова ги направило браните ранливи на уривањеод водата, која според новите сознанија достигнала до три метри.

Иселеник од Либија за Би-Би-Си изјавил дека „не го сфативме сериозно невремето“ кое ја преполни реката сериозно, дека луѓето добиле мешани пораки, па повеќето останале дома.

 

 

Либискиот град Дерна продолжува да брои загинати откако разорните поплави однесоа цели населби и оставија илјадници мртви. Се стравува дека во поплавите во Либија кога милиони тони вода истекоа буквално преку ноќ загинале дури 20.000 луѓе додека спиеле, според изјавите на локалните власти, пренесува Би-би-си.

– Се проценува дека бројот на загинати во градот би можел да достигне меѓу 18.000 и 20.000, врз основа на бројот на згради во областите уништени од поплавите – изјави градоначалникот Гаити за телевизијата Саудиска Ал Арабија.

Најмалку 10.000 луѓе исчезнаа, а десетици илјади се раселени.

- Advertisement -
Ad image

Хихем Абу Чкиват, министер за цивилна авијација во администрацијата што управува со источна Либија, изјави за Ројтерс дека бројот на жртвите може значително да се зголеми бидејќи „морето постојано исфрла десетици тела“.

Официјалниот претставник на ОН рече дека властите и на истокот и на западот на Либија побарале меѓународна помош и разговараат меѓу себе.

– Двете влади се обратија до меѓународната заедница -изјави за Би-Би-Си Таухид Паша од Меѓународната организација за миграција.

- Advertisement -
Ad image

Тој рече дека меѓународно признатата Влада на национално единство, која е со седиште во западниот дел на Либија, бара помош во име на целата земја, „и тие исто така се координираат со владата на исток“.

– Сега предизвикот е меѓународната заедница да одговори во согласност со потребите и барањата на владите – додаде Паша.

Официјален претставник на ОН за миграција рече дека помошта треба да се зголеми „многу, многу брзо“.

Од соборувањето на долгогодишниот лидер, полковникот Моамер Гадафи во 2011 година, Либија е во конфликт и поделеност. Постојат две ривалски влади во земјата – една со седиште во главниот град Триполи на запад и една со седиште во Тобрук на исток.

Share This Article