More

    Брод во Црвеното Море утрово беше цел на напад, наводно, извршен од јеменските бунтовници Хути

    spot_img

    Брод во Црвеното Море утрово беше цел на напад, наводно, извршен од јеменските бунтовници Хути.

    „Два проектила го погодија бродот, а третата експлозија се случи во близина на бродот“, соопшти Британскиот воен поморски трговски оперативен центар.

    Во тек е контрола на штетите. На бродот нема жртви и се движи кон пристаништето, се наведува во соопштението.

    Хутите не презедоа одговорност за нападот. Меѓутоа, понекогаш им се потребни неколку часа, па дури и денови за да преземат одговорност.

    Од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври минатата година, Хутите погодија повеќе од 80 бродови главно поврзани со Израел и неговите сојузници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img