Поп иконата Бритни Спирс синоќа објави бизарно видео на Инстаграм. Пејачката не се откажува од снимањето на провокативни видеа.
Бритни ги загрижи своите обожаватели со една од последните објави на Инстаграм, а се работи за видео на кое пејачката танцува со ножеви во рацете.
Како и обично, таа се снимала како танцува во долна облека, додека горе носела маица со туфни. Сепак, најмногу внимание привлекоа ножевите во нејзините раце, па дури и трите кучиња со кои беше опкружена се исплашија кога Бритни се сврте кон нив.
„Денеска почнав да си играм во кујната со ножеви. Не грижете се, тоа не се вистински ножеви, Ноќта на вештерките доаѓа наскоро“, напиша Бритни покрај објавата.
Меѓутоа, загрижените обожаватели во коментарите почнале да разговараат дали се во прашање вистински ножеви, а потоа Бритни ги исклучила коментирите, пренесува британски „Сан“.
ФОТО: Инстаграм