More

    Бритни Спирс и Мадона се бакнаа во уста на свадбата на Бритни во четвртокот

    spot_img

    Бритни Спирс и Мадона се бакнаа во уста на свадбата на Бритни во четвртокот, со што потсетија на нивниот бакнеж на сцената на доделувањето на наградите МТВ, со кој ја шокираа јавноста.

     

    Бритни се омажи за Сем Асгари, а на денот на свадбата се случи индицент откако нејзиниот поранешен сопруг Џејсон Александар се обидел да ја прекине венчавката.

    Бритни Спирс и Сем Асгари побарале забрана за приоѓање за Александар, а адвокатот на пејачката потврдил дека барањето е одобрено.

    – За среќа, Александар е во затвор и е под итна наредба за заштита. Би сакал да им се заблагодарам на началникот на полицијата Сајрус Задех, детективот Кен Мајклсон и канцеларијата на шерифот на округот Вентура за нивната брза и добра работа и со нетрпение очекувам да соработувам со органите на редот за да се осигурам дека Александар ќе биде кривично гонет за неговото агресивно однесување и се надевам дека ќе биде осуден, како што треба да биде – изјавил адвокатот на Бритни, Метју Розенгарт.

    Поранешниот федерален обвинител додал:

    – Ова беше невидено нарушување на безбедноста, што ме прави лут, но за среќа Бритни е безбедна, таа беше неверојатна и среќна невеста.

    На Александар му било наредено да остане на најмалку 100 метри од Спирс и Асгари, но и од нејзиниот имот во Даусанд Оукс, Калифорнија.

    Александар „постојано влегувал во имотот“ на поп иконата, а во четвртокот бил известен дека не е добредојден. Тој, наводно, бил вооружен со нож кога влегол во домот на Спирс на нејзиниот голем ден. Александар пренесувал во живо на Инстаграм кога влегол во вилата и бил виден како напаѓа неколку членови на обезбедувањето.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img