Кинески шпиони се обиделе да контактираат повеќе од 20.000 луѓе во Велика Британија преку социјалната мрежа ЛинкдИн во надеж дека од нив ќе можат украдат технолошки тајни, пишува Гардијан. Шефот на британската безбедносна агенција МИ5, Кен МекКалум предупреди на „епските размери“ на оваа, според него, кинеска шпионажа.
– Видовме кампања од епски размери – изјави МекКалум за Би-Би-Си по состанокот на шефовите на разузнавачките служби на САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд и Велика Британија.
Тој рече дека МИ5 претходно се фокусираше на заштита на владините тајни од странски шпиони, но посочи дека сега постои страв дека иновациите често се крадат од мали компании, новоформирани претпријатија и истражувачи кои претходно можеби не биле толку загрижени за нивната безбедност.
– Ако денес работите со висока технологија, тогаш ве интересира геополитиката, дури и ако не ве интересира геополитиката – рече МекКалум.