More

    Британските власти со чартер – лет депортираа 20 албански државјани во Тирана, по издржување на казната затвор за различни кривични дела

    spot_img

    Британските власти со чартер – лет депортираа 20 албански државјани во Тирана, по издржување на казната затвор за различни кривични дела.  Биле осудени на вкупна затворска казна повеќе од 46 години, повеќето од нив за  трговија со дрога, како и нелегално поседување оружје. 

     Што се однесува до случаите, државната секретарка за внатрешни работи Прити Пател изјавила дека овие луѓе се опасни криминалци за животот во заедницата во Велика Британија. 

     – Овие криминалци ги прекршија нашите закони и вредности и ние нема да запреме пред да ги отстраниме оние кои немаат право да бидат тука. Тие се одговорни за ужасни престапи, вклучително и вмешаност во снабдувањето со дрога од класа А, што има разорно влијание врз луѓето, нивните семејства и нашите заедници. Од 2021 година, протеравме околу 1.000 албански престапници, вклучително и некои кои илегално го преминаа Каналот за да дојдат во Обединетото кралство – изјавила Пател, пренесуваат албанските медиуми. 

     Врз основа, пак, на договорот меѓу двете земји, за трансфер на затвореници, годинава трансферирани се 236 албански државјани, кои затворските казни ќе ги доиздржуваат во Албанија. 

     Според Пател минатиот месец 243 странци –  прекршители на законот биле депортирани во нивните земји, додека од јануари 2019 до крајот на декември 2021 година 10.741лица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img