More

    Британскиот принц Вилијам денеска им се врати на должностите по операцијата на неговата сопруга Кејт и веста дека кралот Чарлс Трети боледува од рак, а неговиот помлад брат Хари се враќа во САД откако го посети нивниот татко

    spot_img

    Британскиот принц Вилијам денеска им се врати на должностите по операцијата на неговата сопруга Кејт и веста дека кралот Чарлс Трети боледува од рак, а неговиот помлад брат Хари се враќа во САД откако го посети нивниот татко.

    Престолонаследникот Вилијам ги одложи планираните ангажмани за да се грижи за своите деца, откако 42-годишната Кејт на 16 јануари беше подложена на операција на абдоменот и помина две недели закрепнувајќи во болница.

    Неговиот татко во истата болница се лекуваше поради зголемена простата пред Бакингемската палата во понеделникот да објави дека дополнителните тестови покажале оти 75-годишниот монарх има рак.

    Вилијам (41) денеска првпат официјално се појави во јавноста по здравствените проблеми на кралското семејство. Вилијам присуствуваше на церемонија на доделување државните почести во замокот Виндзор, а подоцна присуствуваше и на хуманитарна гала вечера.

    Бидејќи кралот ги одложува јавните обврски поради лекување, а Кејт нема да се врати на своите обврски најмалку до Велигден, товарот ќе падне на преостанатите членови на кралското семејство, особено на Вилијам и кралицата Камила.

    Кралскиот коментатор Роберт Хардман рече дека Вилијам веќе презел значителен дел од државните должности кон крајот на владеењето на кралицата Елизабета кога таа имала потешкотии да се движи.

    – Во таа смисла не е толку различно, но очигледно постои товар од очекување. Тој ќе мора да биде замена во многу прилики, тој ќе биде како шеф на државата на многу начини на ист начин како што беше принцот Чарлс кога кралицата беше болна – изјави Хардман.

    И покрај дијагнозата, Чарлс има намера да продолжи со повеќето кралски должности приватно. Секоја среда ќе разговара со премиерот Риши Сунак по телефон, потврди портпаролот на премиерот.

    Бакингемската палата не даде детали за здравствената состојба на Чарлс освен дека не е рак на простата, но објави дека кралот останува „апсолутно позитивен“ и со нетрпение очекува да се врати на јавните обврски што е можно поскоро.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img