Британскиот министер за одбрана го демантираше Шојгу

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Британскиот министер за одбрана Бен Волас ги отфрли тврдењата на неговиот руски колега Сергеј Шојгу дека Киев со помош на Западот планира акции што ќе го ескалира конфликтот во Украина, соопшти денеска британското Министерство за одбрана.

„На барање на руското Министерство за одбрана, министерот Бен Волас попладнево разговараше со неговиот руски колега Шојгу. Рускиот министер тврди дека Украина планирала дејствија со помош на западните земји, вклучително и Британија, кои би го ескалирале конфликтот во Украина. Министерот Волас ги отфрли тие тврдења и предупреди дека таквите обвинувања не треба да се користат како изговор за понатамошна ескалација”, се вели во соопштението на британското МО на Твитер.

Волас повторил дека Британија и „пошироката меѓународна заедница” ја поддржуваат Украина и дека сите сакаат конфликтот да се деескалира.

„На Украина и Русија е да бараат решение, а Британија е подготвена да помогне”, се вели во соопштението.

Share This Article