Британскиот крал Чарлс Трети на своите 491 вработен ќе им исплати бонус во износ до 600 фунти како помош поради се поголемите трошоци за живот во кризните времиња, објави таблоидот „Сан“.
Вкупните бонуси, кои ќе бидат исплатени овој месец покрај регуларната плата, ќе изнесуваат десетици илјади фунти и потекнуваат од кралскиот приватен приход.
„Персоналот кој годишно заработува помалку од 30.000 фунти ќе добие еднократна сума во износ од 600 фунти, оние кои годишно заработуваат меѓу 30.000 и 40.000 фунти ќе добијат 400, а сите на кои годишната плата над 40.000 фунти ќе добијат бонус од 350 фунти“, пишува „Сан“.
Лице блиско до кралското семејство за весникот вели:
-Кралот дава пари од сопствениот џеб за своите вработени со најниск примања. На тој начин сака да им помогне со животните трошоциво кризно време.