More

    Британскиот амбасадор: Нема пикник за крунисување поради национална жалост

    spot_img

    Амбасадорот на Велика Британија во Белград, Шан Меклод, ги информирал британските граѓани во Србија дека поради „почит кон страшните настани од оваа недела“ и национална жалост, планираниот пикник по повод крунисувањето на кралот Чарлс нема да се одржи во Србија.
    Амбасадорката на Твитер објави и дека денеска е „историски ден“ за нејзината земја и дека Лондон се подготвува за „крунисувањето на неговото височество кралот Чарлс III“.

    „Потсетување до британската заедница дека поради почит кон жртвите на овонеделните ужасни настани и национална жалост викендов во Србија, денешниот планиран пикник за крунисување нема да се одржи“, напиша амбасадорката на својот Твитер профил.

    Амбасадорот го откажа пикникот за крунисување веднаш по вооружениот напад во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, во кој тринаесетгодишник уби осум ученици и еден обезбедувач, а повреди уште шест ученици и еден наставник.

    Во селата кај Младеновац, 21-годишен маж во петокот уби осум лица, а повреди 14. Во Србија по повод овие трагедии од петок до недела е тридневна жалост.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img