Background

Британската влада соопшти во четвртокот дека планира да го снижи прагот за право на глас на 16 години, со што сите граѓани на возраст од 16 години и постари ќе можат да гласаат на избори во Обединетото Кралство, како дел од голема реформа на демократскиот систем на земјата

Британската влада соопшти во четвртокот дека планира да го снижи прагот за право на глас на 16 години, со што сите граѓани на возраст од 16 години и постари ќе можат да гласаат на избори во Обединетото Кралство, како дел од голема реформа на демократскиот систем на земјата, објави Си-Ен-Ен.

Владата наведе дека предложените измени, кои треба да бидат одобрени од парламентот, ќе ги усогласат гласачките права низ целото Обединето Кралство со оние во Шкотска и во Велс, каде што младите веќе имаат право да гласаат на избори на ниво на децентрализирани власти.

– Преземаме мерки за да ги отстраниме бариерите за учество што ќе обезбедат повеќе луѓе да имаат можност да се вклучат во британската демократија – изјави заменичката премиерка Ангела Рејнер.

- Advertisement -
Ad image

Излезноста на општите избори во 2024 година изнесувала 59,7%, што е најниско ниво на парламентарни избори од 2001 година, според извештај на парламентот.

Според податоци од библиотеката на Долниот дом, истражувањата од земји, што ја намалиле возраста за гласање на 16 години, покажуваат дека тоа не влијаело на резултатите од изборите, а 16-годишниците дури и почесто гласале одошто оние што првпат стануваат избирачи на 18 години.

Лабуристите, чијшто рејтинг драстично опадна откако дојдоа на власт со огромно мнозинство пред 1 година, претходно најавија дека ќе ја намалат возраста за гласање ако бидат избрани.

Реформите ќе го прошират и списокот на прифатени документи за идентификација при гласање, така што ќе се дозволат банкарски картички, издадени во Обединетото Кралство, и дигитални формати на постоечки документи, како што се возачките дозволи.

За справување со странско мешање, Владата исто така најави заострување на правилата за политички донации, вклучително и проверки за донации над 500 фунти (670 долари) од неинкорпорирани здруженија и затворање правни дупки што ги користат лажни компании.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation