More

    Британската Влада му одобри на конзорциумот предводен од американскиот милијардер Тод Боли да го купи фудбалскиот клуб Челзи

    spot_img

    Британската Влада му одобри на конзорциумот предводен од американскиот милијардер Тод Боли да го купи фудбалскиот клуб Челзи.

    – Доцна синоќа Владата на Обединетото Кралство одлучи да издаде дозвола за продажба на Челзи, изјави портпаролот на британската Влада.

    Одлуката на официјален Лондон доаѓа ден откако зелено светло даде и Премиер лигата со што рускиот олигарх Роман Абрамович по 19 години ќе престане да биде сопственик на клубот од Лондон.

    Челзи во ерата на Абрамович освои вкупно 21 трофеи, вклучувајќи пет премиерлигашки титули и два трофеи во Лигата на шампиони.

    Конзорциумот предводен од Боли ќе го купи Челзи за 4.25 милијарди фунти, а приходот од продажбата ќе биде уплатен во хуманитарни цели за помош на Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img