Британската Влада и „БиоНТек” заедно ќе развиваат терапии против рак

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Британската Влада и германската фармацевтска компанија „БиоНТек” ќе склучат договор, со што ќе го забрзат истражувањето на полето на нови терапии против ракот, најави британскиот министер за здравство Стив Баркли.

Тој наведе дека денеска ќе потпише меморандум за разбирање со „БиоНТек” за „најдобрите лекови за рак да им бидат достапни на луѓето што е можно поскоро”.

Тоа значи дека персонализираните мНРА терапии за британските пациенти со рак, вклучително и вакцините против коронавирусот, може да бидат достапни уште оваа есен. „БиоНТек” и „Фајзер” заеднички развија мРНА вакцина против новиот коронавирус.

Во партнерство со британската Влада, „БиоНТек” би можела да достави околу 10.000 дози за третман на рак на британски пациенти до 2030 година.

– Откако ќе се открие ракот, мора да бидеме подготвени да ги понудиме најдобрите лекови и терапија што е можно поскоро, вклучувајќи терапии за рак на дојка, белите дробови и панкреасот – посочи Баркли.

Британските пациенти ќе бидат меѓу првите кои ќе учествуваат во испитувања и тестирања за да развијат насочени, персонализирани и прецизни третмани користејќи нови трансформативни терапии за лекување на постоечките видови на рак и спречување на болеста да се врати.

Овој договор, истакна Баркли, е продолжение на ветувањето на Владата дека ќе издвојува 20 милијарди фунти годишно за истражување и развој, се со цел поефикасно лекување на пациентите.

Share This Article