Британската принцеза Кејт Мидлтон денеска објави нова семејна фотографија за роденденот на принцот Вилијам, со наслов „Те сакаме многу, тато“.
На фотографијата објавена на официјалните социјални мрежи на кралската палата, принцот Вилијам и неговите деца – принцовите Џорџ, Луис и принцезата Шарлот – можат да се видат како уживаат на плажа во Норфолк, во близина на Сандрингем, пишува Тајмс.
На сликата, принцот Вилијам се држи за рака со своите деца, сите облечени во дуксери, бермуди и боси.