Британската актерка и модел Елизабет Харли глуми во новиот еротски филм „Строго доверливо“ (Strictly Confidential), кој го режирал нејзиниот син Демијан Харли.
Имено, 58-годишната актерка во филмот се појавува во еротски сцени во кои води љубов со друга жена. За младиот режисер ова е прв филм откако дипломирал минатото лето.
Филмот бил снимен во декември на Карибите, а во тогашната објава Демијан ја пофалил својата мајка за нејзината посветеност и ветувањето кое му го дала кога бил дете.
„Не можам да почнам да сумирам колку изминатите неколку месеци беа интензивни и прекрасни. Навистина сум воодушевен од инспиративните и талентирани луѓе со кои работев – со огромна благодарност до мојата феноменална актерска екипа. Моментално сакам да ѝ се поклонам на Елизабет Харли која, во текот на снимањето на мојот краток филм во 2010 година (кога имав 8 години) вети дека ќе биде дел од мојот прв долгометражен филм.
Верна на своето ветување, штом овој филм доби зелено светло, мојата мајка остави сè и дојде на прекрасните Кариби да помогне. Работењето заедно беше сон“, навел, помеѓу другото, тој.
Иако сè уште не е познат датумот на излегување на „Strictly Confidential“, неодамна бил објавен трејлер кој прикажува млада жена по име Миа (Џорџија Лок) која ја прогонува загубата на својата најдобра пријателка Ребека (Лорен Меквин). Откако се согласува да помине викенд во семејната куќа на Ребека по повод годишнината од нејзината смрт, Миа одлучува да отпочне сопствена истрага, а трејлерот ја прикажува неа вовлечена во светот на сексот, дволичноста и предавството.