Кејт Мидлтон вчера присуствуваше на важна церемонија во Лондон, по повод Денот на сеќавањето на загинатите британски војници во Првата светска војна. Ден пред тоа се појави на Фестивалот на сеќавањето во Лондон, двата настани се многу важни во календарот на обврските на британското кралско семејство, а принцезата од Велс се врати на службените обврски и сè издржа стоички, победувајќи ја нервозата што беше откриена од читателот на усните кој го анализираше нејзиното појавување. И додека многумина ја фалат нејзината храброст и посветеност на работата и нацијата, една жена се запраша зошто сопругата на принцот Вилијам изгледа толку старо?!
Водителката Нариндер Каур (51), која се појавува во емисиите на GMB, GB News и Loose Women каде учествува во различни дискусии, вчера на мрежата Икс го напиша следново за Кејт Мидлтон: „Зошто Кејт остарела толку многу? Зарем таа нема само 42 години? Дали таа е пушач? Тоа е единственото објаснување“.
„Каков корајн ужасен твит! Едноставно одвратно!“, и возвратија мрежата Икс, додека ТВ-водителот Џош Ром додаде: „ТАА СЕ БОРЕШЕ СО РАК. Не можам да ви опишам колку сте навредливи!”
Бура од гнев ја зафати социјалната мрежа каде водителките велат дека упатила одвратни зборови. И не застанала само на коментарот кој ја згрози планетата, туку Нариндер подоцна напишала: „Мојот брат имаше рак… тој не старееше така“. Таа истакнала дека нејзиниот брат поминал низ хемотерапија и дека никогаш нема да го коментира изгледот на Кејт Мидлтон со оглед на таа дијагноза.
Таа од мрежата Икс порача дека нејзината објава била глупава, а потоа ги нападна троловите поради сексуална и расистичка злоупотреба.
„Мислев дека ќе направам брзо видео наместо да објавувам твит по твит бидејќи станува мошне смешно – како да не е доволно лудо. Објавив глупав твит. Тоа не беше моја намера, мојата намера не беше да бидам злобна или нешто слично. Не сум таква. Беше глупаво да се пишува за стареењето. Го признав тоа, ги кревам рацете и се извинувам ако бев навредлива“, рекла таа, но во истото видео ја обвинила Кејт Мидлтон „дека била привилегирана затоа што не морала да работи додека се борела со ракот“.
Во неколкуте објави на мрежата Икс водителката истакна дека е изложена на расизам и дека во основа ја „напаѓаат онлајн“ поради тоа.