Европската унија денеска ги повика сите инволвирани страни да покажат „најголема воздржаност“ за да се избегне „неконтролирана ескалација“ на конфликтот на Блискиот Исток, откако Израел гаѓаше цели во Иран.
„Опасната спирала на напади и одмазда создава ризик да предизвика ново продолжување на регионалниот конфликт. Признавајќи го правото на Израел на самоодбрана, ЕУ ги повикува сите инволвирани страни да покажат најголема можна воздржаност со цел да се избегне ескалација надвор од контрола која не е во ничиј интерес, соопшти Европската унија.
Иран предупреди дека ќе се брани по последните израелски напади, чии цели, според Израел, биле ракетни фабрики и воени објекти во неколку ирански региони. Иран објави дека загинале двајца војници.
Израел предупреди дека Иран ќе плати „тешка цена“ доколку одговори на тие напади, кои пак беа одговор на нападите на Иран врз Израел на 1 октомври.