Цените на нафтата денеска се зголемија во очекување на економските резултати на кинеската економија, по најавата за државната поддршка.
Цената на нафтата Брент порасна за 85 центи на 92,48 долари за барел, што е за о,9 отсто зголемување. Американската лесна нафта поскапе за 73 центи на 86,34 долари за барел.
Порастот на цените беше предизвикан по изјавата на кинескиот претседател Си Џинпинг на конгресот на кинеската Комунистичка партија дека властите ќе спроведат политики за помош на економијата, давајќи надеж дека побарувачката за нафта може да се зголеми.