Бремената Ријана прошета без гаќи

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Неодамна низ светот се прошири веста дека пејачката Ријана, која чека бебе со раперот АСАП Роки, му раскинала затоа што наводно ја изневерувал со дизајнерката на чевли Амина Муади.

За тоа се крена голема прашина, во меѓувреме, модниот блогер и новинар која прв ја објави веста за прељубата, се извини, а се огласи и „третата страна“ дизајнерката Амина, но Ријана и нејзиното момче не коментираа.

Можеби немаше потреба бидејќи новите фотографии се доказ дека меѓу нив сѐ е во ред. Славниот пар отпатувал за Барбадос, каде што биле фотографирани на романтична вечера.

Ријана не се откажува од провокативната облека ниту за време на бременоста, за што зборуваше во интервјуто за „Вог“, но изданието во кое се појавила синоќа е дефинитивно најскандалозното досега.

Ја видовме во машки гаќи и слични работи, а овој пат прошета во краток црн фустан кој практично се состои од горен дел налик на градник и парче материјал кој меѓусебно се поврзува со врвки за чевли.

Огромните шлицови јасно покажаа дека пејачката не носи долна облека, а овој провокативен стајлинг го надополни со мала црна чанта и златни сандали со високи потпетици.

 

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -
Ad image
Share This Article