More

    Бред Пит тврди дека страда од прозопагнозија – неможност да препознава лица

    spot_img

    Познатиот холивудски актер и оскаровец Бред Пит во интервју за магазинот GQ изјави дека боледува од прозопагнозија, односно неможност да запомни и препознава лица.

    Како што пренесува Си-Ен-Ен, Пит (58), кому никогаш официјално не му била дијагностицирана, изјавил за GQ дека верува дека пати од ова нарушување на перцепцијата, но дека никој не му верува, па затоа би сакал да запознае друга личност која го има овој проблем.

    Пит исто така рекол дека сака да се сеќава на луѓето што ги среќава и се плаши дека овој негов проблем ги натера луѓето да мислат дека е ладен кон нив.

    Според американскиот национален институт за здравје, просопагнозијата е невролошко нарушување што може да предизвика луѓето да имаат проблем да ги препознаат дури и членовите на семејството или пријателите. Третманот вклучува развивање на други начини за препознавање некого, како на пример запомнување на тонот на неговиот глас.

    Некои студии покажаа дека ова нарушување до одреден степен влијае на еден од 50 луѓе.

    Инаку, Пит во 2013 година изјави и за магазинот Esquire дека пати од ова нарушување и дека поради тоа не излегува многу од дома.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img