Естетдски хирург тврди дека 60-годишниот холивудски заводник Бред Пит направил естетски зафат со кој се забавува стареењето.
Многумина не веруваат колку добро старее мегапопуларниот актер и заводник Бред Пит .
Еден естетски хирург истакнува дека за тоа е заслужен лифтинг.
Естетскиот хирург д-р Џони Бетериџ во едно од своите видеа го прозва и Бред Пит, посочувајќи дека постојат докази дека актерот имал операција која чини повеќе од 100.000 фунти, со период на опоравување од два до три месеци. Бред лично никогаш не открил дали некогаш отишол „под нож“, но д-р Џони вели дека направил лифтинг на лицето.
Лекарот ги спореди фотографиите на холивудската ѕвезда од Оскарите во 2020 година и минатиот јули, кога Бред седеше во ложата на Грен слемот во Вимблдон.
– Ова беше тој пред четири години и можете да ги видите нормалните знаци на стареење, имено борите и губење на волуменот на средината на лицето, како и опуштеност на кожата на долниот дел на лицето. Сепак, погледнете ја промената неколку години подоцна, а пред се контурата на долниот дел од лицето, што е навистина впечатливо – изјави докторот.
Докторот тврди дека всушност, увото на Бред го открива фејслифтинг.
– Во текот на процедурата се крева кожата околу ушната ресичка, што може да го промени обликот и положбата на ушите. Со овој потег Бред за малку ќе го врати времето назад – рекол докторот.
Изгледот на Бред Пит стана енигма за многумина.
– Луѓето не можат да поверуваат дека тој изгледа толку добро на 60 години. Гледајќи ги сликите што ги објавив, може да се забележи голема промена и затоа се сомневам во лифтинг на лицето. Што се однесува до назолабијалните брчки, тие може да се поправат со нехируршки методи – додал тој.
„Мејл онлајн“ ја контактирал неговата ПР-служба и извор близок до Бред ги негирал тврдењата дека тој холкивудскиот актер се подложил на естетска операција.