More

    Бред Пит оваа глумица ја прогласи за најубава жена на екранот

    spot_img

    Бред Пит го задржа статусот на еден од најпопуларните и најдобри актери на денешницата, поради неговите неверојатни трансформации и посветеност на различни улоги. Неговата харизма е присутна во секој филм, па не е ни чудо зошто се здоби со огромна популарност.

    Пред да ја започне филмската кариера, работел како возач на лимузина, доставувал фрижидери и бил маскота во ресторан, маскиран во кокошка.

    Стекна голема популарност во филмовите „Боречки клуб“ и „Ничија земја“, а добитник е и на многу филмски награди, меѓу кои и на Оскар.

    Во интервјуто што го даде за „Press Archive“, тој рече дека познава мошне малку мажи на кои може да се угледа.

    „Затоа ги ценам постарите филмови бидејќи прикажуваат човек кој се залага за своите принципи, како што е (Роберт) Редфорд“, рекол Пит.

    Тој исто така додал и дека ликот на Редфорд е лик на маж на кого мажите се угледуваат, а жените го посакуваат. Меѓутоа, за актерка на сите времиња за која тврди дека е „најубавата жена на екранот“ ја прогласил Дајан Вист. Пит смета дека таа докажала дека е можно да се биде убава, без да биде отфрлена како „секс симбол“ од обожавателите и критичарите.

     

    „Кога ќе видите некоја личност, дали се концентрирате само на нејзиниот изглед? Тоа е само првиот впечаток. Потоа, постои некој кој веднаш не ви фаќа око, туку разговарате со него и тие стануваат најубавото нешто на светот“, изјави Пит.

    Дајан Вист е добитничка на повеќе филмски награди, а позната е по филмовите „Хана и нејзините сестри“, „Куршуми над Бродвеј“ и многу други.

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img