Бразил ја победи Србија со 2:0 во воведниот меч од Мундијалот во Катар.
Селекцијата на Драган Стојковиќ Пикси добро се држеше еден час, но потоа Бразилците го зголемија темпото и воопшто не ја напуштија противничката половина.
Првата сериозна закана кон голот на Вања Милинковиќ-Савиќ ја имаше Алекс Сандро откако од голема далечина ја шутна топката и го стресе дирекот.
Бразил поведе со 1:0 во 62 минута кога Ришарлисон ја погоди мрежата на Србија.
Потоа Ришарлисон изведе уште една вистинска атракција, погоди уште еднаш во 73 минута и го реши натпреварот.