Лажеа дека не преговараат, но овој документ и оваа преговарачка рамка ја преговарале премиерот Ковачевски, претседателот Пендаровски, ја преговарале Маричиќ и Османи. Не гледаа во очи и не лажеа дека не преговарале, не лажеа дека не го виделе документот. Го знаат од точка до запирка, рече поранешниот амбасадор Ивица Боцевски на вечерашниот протест „Ултиматум, НЕ благодарам“.
– Утре ќе имаме блокади низ целата држава. Блокадите ќе почнат во 13 часот, ќе ја блокираме цела Македонија додека нашите храбри пратеници се борат во Собранието за нашите интереси за одбрана на македонскиот јазик, народ и држава – порачас Боцевски.
Боцевски упати апел до пратениците дека нашата последна црвена линија е Уставот.
– Од овде сакам едно да им порачаме дека нашата последна црвена линија е Уставот и затоа ќе ве замолам сите заедно од овде да му порачаме на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Димитар Апасиев лидерот на Левица, Љупчо Димовски лидерот на СПМ, Иван Стоилковиќ лидерот на ДПС и јасно да им кажеме вие и вашите пратеници се последниот бедем на македонскиот народ и македонската државност – кажа Боцевски.
Боцевски потенцираше дека „ние сме вашата заштита, тврдина, ‘рбетен столб и ние ќе ве поддржиме да опстоите да нема никаква промена на Уставот по диктат на Бугарија која ќе ги земе предвид бугарските барања“.
На протестот, кој засега се одвива мирно и без инциденти, се бараат оставки од Владата која, како што рекоа учесниците, ја доставила срамната преговарачка рамка до Собранието.