More

    Боцевски гледа простор за реализација на можното

    spot_img

    Добива ли идејата за итен прием на западнобалканската шесторка во единствениот пазар и јасна европска поддршка? Во македонската, а и во регионалната јавност силно одекна новинарскиот текст на германскиот новинар Михаел Мартенс, безмалку веќе доајен на корот на балкански дописници од западниот печат, пишува поранешниот амбасадор Ивица Боцевски во колумната „Проширувањето е мртво, но Западен Балкан се вкотвува во ЕУ?“ објавена во „Нова Македонија“.

    „Во најновата резолуција поднесена до Бундестагот од најголемата германска опозициска групација ЦДУ/ЦСУ, а под наслов „Обновување на ЕУ-перспективата за земјите од Западен Балкан со посветена политика“,  идејата за внесување на западнобалканската шесторка во единствениот европски пазар, како меѓучекор до потполното членство, добива поддршка од најголемата европска партија, сега и најпопуларна партија во Германија, од чии редови доаѓа и актуелната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен. Значи ли оваа резолуција дека европските дискусии околу иднината на проширувањето ферментираат и добиваат конкретна форма?

    Поранешниот претседател Црвенковски излезе со јасен предлог, па сметам дека ќе биде целисходно за Македонија да му се овозможи да ја претстави иницијативата, да ја објасни пред сите политички, општествени и стопански чинители, па доколку се дојде до консензус, и да го води стратегиското тело што би се обидело да го исполни овој процес. По триесет години лет во место наместо забрзан пат кон Европската Унија, чукна часот консензуално да влеземе во процеси за реализација на можното”, пишува Боцевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img