Овој пијалок за многу кратко време стана вирален бидејќи голем број жени потврдија дека по редовното консумирање забележале дека кожата им е поубава, а и дека побрзо ослабнале.
Сигурни сме дека знаете дека она што го внесувате во вашето тело е многу важно за убав и свеж тен и спречување на брчки.
Затоа и не е чудно што еден пијалок стана вирален речиси преку ноќ, а многу жени потврдија дека забележуваат забележлива разлика и кога е во прашање лицето и кога е телото.
Состојки:
2 излупени портокали
4 до 6 моркови или половина пакување бебешки моркови
3 см исечен ѓумбир
1/3 чаша вода
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во соковник, па процедете. Ако немате ладна преса, можете да ја процедите добиената смеса преку газа или чиста памучна крпа. Се консумира еднаш дневно и идеално пред спиење, за здравите состојки да ја направат својата „магија“. Ако комбинацијата ви е јака, најдобро е да започнете три пати неделно, па постепено да зголемувате и за еден месец ќе забележите промена на изгледот на кожата и телото, пишува Крстарица.