Босна и Херцеговина може да се пофали со неверојатни пејзажи и природни феномени кои го одземаат здивот. Еден од овие природни феномени се чудните вдлабнатини на Бравско Поле кај Босански Петровац.
Тоа се тркалезни или долгнавести вдлабнатини во земјата кои настанале со растворање на варовник и доломит во тектонските области.
Поради тектонските процеси, овие природни вдлабнатини често се набиени една со друга и личат на лузни, па затоа кај локалните жители местото е познато како „карстот со сипаници“. Нивните дијаметри варираат од неколку метри до над сто метри, додека длабочината може да достигне десет или повеќе метри.
Природните вдлабнатини кај селото Капљух во Бравско Поле, кои наликуваат на восочно саќе од пчелите, се протегаат на огромна површина. Глетката е неверојатна и често го привлекува вниманието на минувачите и на посетителите, иако моментално не е дел од туристичката понуда во БиХ, пишува Пиксел.