Борисов: Должни сме да формираме влада и да застанеме цврсто на нашите позиции

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов изјави дека преговорите за мнозинство и за формирање бугарска влада се одвиваат добро, а колку помалку се зборува, толку се поголеми шансите за успех.

Борисов додаде дека откако ќе се подготви основната рамка за програмата, во разговорите ќе биде вклучена и партијата Има таков народ (ИТН).

Според лидерот на ГЕРБ, Бугарија е должна да успее да формира редовна влада поради меѓународната ситуација.

– Вчера имав долг разговор со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, добар пријател. Од разговорот разбрав дека во текот на овие години во Брисел, во нашите партнерски земји во НАТО се одвиваа многу процеси за С.Македонија и се изгуби многу време. Бев изненаден од објаснувањата што требаше да ги дадам. Значи ние сме должни да формираме влада и да застанеме цврсто на нашите позиции – изјави поранешниот бугарски премиер во изјава за бугарските медиуми.

Македонската влада, пак, смета дека треба да се почека Бугарија да добие стабилна политичка влада и да се лобира за евентурално ново решение. Челници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ неколкупати претходно изјавуваа дека планот за одложени уставни измени звучи логичен и наидува на разбирање кај голем дел од соговорниците во ЕУ.

Share This Article