Борел се надева дека и ЕУ ќе ѝ дозволи на Украина да удри длабоко во Русија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, денеска изрази надеж дека земјите-членки на ЕУ ќе ѝ дозволат на Украина да користи ракети со долг дострел за напади во Русија.

– Повторив дека Украина треба да биде во можност да го користи оружјето што ѝ го дадовме, не само за да ги „запре стрелите“, туку и за да ги погоди „стрелците“. Сè уште верувам дека тоа треба да се направи. Сигурен сум дека повторно ќе разговараме. Се надевам дека земјите-членки ќе се договорат за тоа – рече Борел во пресрет на средбата со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ.

Според „Њујорк Тајмс“, извештаите на агенциите и според други медиуми, администрацијата на претседателот во заминување, Џозеф Бајден, вчера ѝ одобрила на Украина да користи крстосувачки ракети со долг дострел ATAЦMС за напади длабоко во руска територија.

Share This Article