Борба за власт меѓу „радикалниот исламизам“ и „ѓаволите на коњи“

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Двајца генерали со вжештени глави кои не сакаат да ги изгубат богаството и моќта што би им следела ако дојдат на чело на државата влегоа во конфликт кој го потресе светот и ги натера западните земји да се евакуираат од можеби најголемата и истовремено најсиромашна држава во Африка. Во Судан гори, а жртви непосредно станаа цивилите, пишува Би-Би-Си. Во тек е тридневно примирје кое истекува денеска, а прашање е дали примирјето ќе биде продолжено за да се одржат разговори меѓу страните.

Што сакаат генералот Мохамед Хамдан Дагало oд Силите за поддршка(РСФ) и генералот Абдел Фатах ал-Бурхан кои и двајцата учествуваа во воениот удар за симнување на диктаторот Омар ал-Башир во 2019 година кој владееше 30 години и исто имаше дојдено на власт во 1989 година со државен удар?

Војската се почувствува загрозена или проблемот е идеолошки?

Сè започна во 2021 година кога заедничката цивилна влада која се формираше по падот на ал-Башир беше растурена со нов удар. Генералот Бурхан ја презеде власта. Рамковниот договор за враќање на власта кај цивилите од декември пропадна.

Главните спорни точки се плановите за вклучување на 100.000-члените РСФ во армијата, и кој потоа ќе ги води новите сили.

50.000 неухранети деца, 270.000 бегалци

Потоа следеше пукањето на 15 април. Не се знае кој го испукал првиот куршум, но се смета дека војската се чувствувала загрозена по распоредувањето на единици на РСФ низ земјата. Повеќе од 400 цивили загинаа.

Се проценува дека на околу 50.000 акутно неухранети деца им е прекинато лекувањето поради конфликтот, а болниците кои сè уште функционираат се соочуваат со недостиг од медицински материјали, струја и вода, според ажурирањето на ОН во средата.

Кризата испрати се поголем број бегалци преку границите на Судан, при што Агенцијата за бегалци на ОН проценува дека 270.000 луѓе би можеле да побегнат само во Јужен Судан и Чад.

Во меѓувреме Просечниот Суданец живее со 750 долари годишно. Повеќето од населението се муслимани, а официјани јазици во земјата се арапскиот и англискиот. Земјата која сега е во хаос се простира на огромни 1,9 милиони квадратни километри.

Радикални исламисти наспроти озлогласената милиција Џанџавид

Иствремено, под контрола на РСФ потпадна една клучна лабораторија во Картум каде се чуваат примероци на колера, полио, мали сипаници и други болести. СЗО ја нарече оваа ситуација „биохемиска бомба“. Во случај на поголем конфликт, вирусите и бактериите би можеле да предизвикаат биолошка катастрофа.

- Advertisement -
Ad image

Дагало во серија твитови рече дека луѓето во владата на Бурхан биле радикални исламисти, а дека тој и РСФ се борат за народот на Судан да обезбеди демократски напредок за кој толку долго копнееја“.

На многумина им е тешко да поверуваат во оваа порака, со оглед на бруталното искуство на РСФ.

Од друга страна, генералот Бурхан рече дека ја поддржува идејата за враќање на цивилната власт, но дека власта ќе ја предаде само на избрана влада. Некои се сомневаат дека Бурхан има врски со поранешниот претседател Башир и неговите сојузници, што армијата го негираше.

- Advertisement -
Ad image

РСФ е формирана во 2013 година и потекнува од озлогласената милиција Џанџавид која брутално се бореше против бунтовниците во Дарфур, каде што беа обвинети за етничко чистење.

Се чини дека силите на РСФ се преселиле во густо населените области. Суданските воздухопловни сили извршија напади во главниот град Картум кој брои повеќе од шест милиони жители. Најавени се неколку прекини на огнот за да им се овозможи на луѓето да избегаат од борбите, но тие не беа почитувани.

Примирје пред нова бура?

Набргу по почетокот на борбите, земјите од соседството на Судан се согласија да испратат тројца претседатели, од Кенија, Јужен Судан и Џибути во Картум, но мисијата никогаш не се случи.

Утринава западните медиуми напишаа дека суданската армија изразила подготвеност да го продолжи тридневниот прекин на огнот што треба да истече во четврток навечер, во услови на спорадични борби околу главниот град Картум.

Армијата доцна во средата соопшти дека нејзиниот водач, генерал Абдел Фатах ал-Бурхан, дал првично одобрение за планот за продолжување на примирјето за уште 72 часа и испраќање армиски пратеник во главниот град на Јужен Судан на разговори.

Share This Article