Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на бендот „Рибља чорба“, поради тешко воспаление на белите дробови заврши во болница во Љубљана. Пејачот претходно бил приклучен на кислород, а потоа и на респиратор, откри неговиот менаџер Бане Обрадовиќ.
Српски „Курир“ сега наведува дека пејачот е интубиран и се наоѓа на одделението за интензивна нега.
– За жал, состојбата сè уште е критична, а Бора е интубиран на одделението за интензивна нега. Нема многу нови информации, но сите се надеваат на подобар исход – пишува „Курир“.
Посетите се забранети, освен за најблиските членови на семејството на Бора. Сопругата на музичарот Дубравка, вчера беше забележана како влегува во болницата.
Според зборовите на Обрадовиќ, кој цело време е покрај сопругата на Бора, Дубравка Милаковиќ, состојбата на рокерот е непроменета и тој со денови е интубиран. Сите се надеваат дека Бора ќе ја добие оваа битка.
Музичарот Бора Ѓорѓевиќ, попознат како Бора Чорба, веќе неколку дена е во тешка состојба во Клиничкиот болнички центар во Љубљана.
Веста за неговата здравствена состојба ги вознемири фановите ширум регионот, а словенечките медиуми активно го следат секој чекор во развојот на ситуацијата.
„Бора Ѓорѓевиќ е во болница во Љубљана! Бора е на респиратор, во тешка состојба!“, е еден од натписите во словенечките медиуми.
Од сите страни пристигнуваат зборови со поддршка за легендарниот музичар.
Да потсетиме, Бане Обрадовиќ за „Блиц“ изјави дека состојбата на Бора се влошила и дека не може да му се направи никаква операција.