More

    „Бомбата на населението“ можеби никогаш нема да експлодира како што се стравуваше

    spot_img

    „Популациски бум“ од кој светот долго време се плашеше дека сепак нема да се случи, според новата студија која проценува дека бројот на луѓе на Земјата ќе го достигне врвот порано од претходно предвиденото и дека врвот ќе биде помал.

    Студијата предвидува дека светската популација ќе достигне максимум од околу 8,8 милијарди до средината на овој век, а потоа ќе почне нагло да опаѓа. Врвот би можел да дојде уште порано доколку владите преземат прогресивни чекори за да ги зголемат просечните приходи и нивото на образование, пишува Гардијан.

    Новата прогноза е добра вест за глобалната клима. Кога ќе помине демографскиот врв, притисоците врз природата и климата, како и придружните општествени и политички тензии треба да почнат да се намалуваат.

    Сепак, авторите на студијата предупредуваат дека падот на наталитетот нема сам да ги реши проблемите предизвикани од климатската криза, кои се и онака многу сериозни додека светската популација е „само“ 7,8 милијарди, а се предизвикани од прекумерната потрошувачката на богатото малцинство.

    Намалувањето на популацијата предизвикува и нови проблеми, како што се опаѓање на работната сила и поголеми притисоци врз здравствениот систем поврзан со стареењето на населението. Токму тоа се случува во земји како Јапонија или Јужна Кореја.

    Еден од авторите на извештајот, Бен Калегари, вели дека резултатите се причина за оптимизам, но не е се така едноставно. „Добивме докази дека нема да се случи бум на населението, но сè уште има значителни предизвици од климатски аспект. Потребни се многу напори за да се реши сегашната парадигма на „прогрес“ што води до хиперпродукција и потрошувачка, а тоа се многу поголеми проблеми од бројот на населението“.

    Предвидувањата на претходните студии беа многу попесимистички. Минатата година, ОН предвиде дека до средината на векот светската популација би можела да брои 9,7 милијарди луѓе, но дека може да продолжи да расте неколку децении потоа.

    Новите проекции беа создадени од колективот Earth4All, кој ги вклучува водечките светски економски и климатски институции, вклучувајќи ги и Институтот за истражување на климатските влијанија во Потсдам, Центарот за отпорност во Стокхолм и Бизнис школата БИ од Норвешка.

    Извештајот се заснова на нова методологија која вклучува социјални и економски фактори кои имаат докажано влијание врз наталитетот, како што се зголемувањето на стапките на образование, особено кај жените, но и растот на приходите. Извештајот наведува две сценарија, во зависност од степенот до кој овие политики би се имплементирани.Ако ништо не се преземе, постоечките политики ќе бидат доволни за да се ограничи глобалниот раст на населението на под 9 милијарди до 2046 година, а до 2100 година треба да падне на 7,3 милијарди. Тоа би било, предупредуваат авторите, премногу доцна: „Иако ова сценарио не резултира со очигледен тотален колапс на климата и екосистемот, веројатноста за регионални социјални колапсови се зголемува во децениите до 2050 година, а тие би биле предизвикани од сѐ подлабок општествените поделби во и меѓу општествата. Ризикот е особено висок во најранливите и најлошо управуваните општества“.

    Во друго, пооптимистичко сценарио, во кое владите ширум светот ги зголемуваат даноците на богатите за да инвестираат во образованието, социјалните услуги и зголемената еднаквост, бројот на луѓе на Земјата би можел да достигне 8,5 милијарди до 2040 година и да падне за една третина до 2100 година. Ова сценарио предвидува значителен напредок до средината на векот и за општеството и за природата.

    „До 2050 година, емисиите на стакленички гасови ќе бидат околу 90 отсто помали отколку во 2020 година и ќе продолжат да паѓаат“, се вели во извештајот. „Ќе се намалат остатоците од атмосферските емисии на стакленички гасови што остануваат од индустриските процеси. Како што минуваат годините, повеќе јаглерод од атмосферата ќе биде заробен отколку складиран, што значи дека глобалната температура ќе остане под 2 Целзиусови степени над прединдустриските нивоа. Дивината полека, но многу успешно ќе закрепне во многу делови на планетата“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img