More

    Блокираните да бараат помош, да не тргнуваат на пат, апелира ЦУК

    spot_img

    Центарот за управување со кризи денеска упати вонредна информација до сите лица кои моментно се наоѓаат кај Беровско Езеро – да не тргнуваат да патуваат, а ако имаат потреба од храна и лекови да конактираат на 112 во ЦУК, по што Општина Берово ќе им достави сè што им е потребно.
    „Регионалните центри за управување со кризи Берово и Штип во координативна оперативна комуникација преку Секторот за операции и координација известија дека патот Берово-Струмица е во целосен прекин поради врнежите од снег и паднати дрва по патот.
    Конкретно, патниот правец Берово-Абланица-Беровско Езеро е во прекин поради паднати дрвја на патот. ДЗС и Полицијата имале координативен состанок во Берово и било одлучено сите лица кои моментно се наоѓаат кај Беровско Езеро да не тргнуваат да патуваат, а ако имаат потреба од храна и лекови да контактираат на 112 и да ги кажат нивните потреби, по што Општина Берово ќе интервенира: преку нивни луѓе да им достават што им е потребно.
    Инаку, медиумите, како и ЦУК, УХМР, а и другите служби во државата, ги информираа граѓаните секојдневно за очекуваните врнежи од снег векендов, што е препорачливо да се има предвид при севкупното планирање на викендско патување и престој во убавите планински предели“ – се вели во соопштението од ЦУК.

    Oд 10:00 часот изутринава воведена е забрана за движење на сите видови моторни возила на патен правец Берово – Беровско Езеро, поради обилни врнежи снег, соопшти АМСМ.Денеска е укината забраната за движење на тешки товарни возила на магистрален пат А3 Делчево – граничен премин Делчево.

    На патниот правец Тетово – Попова Шапка задолжителна е употребата на зимска опрема (синџири), поради снежни врнежи и силен ветер кој прави намети, информираат од ЈП „Македонија пат“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img