More

    БЛОК ТАРИФИ И ЗА СТРУЈА ЗА ФИРМИТЕ КОИ САКААТ НА РЕГУЛИРАН ПАЗАР

    spot_img

    Регулаторната комисија за енергетика подготвува блок тарифи за потрошувачка на електрична енергија и за компаниите, а цената на оние компании кои ќе трошат многу  ќе биде повисока и од берзанската цена за да се одвратат од враќање на  регулираниот пазар.

    – Доколку сакаат да се вратат на регулиран пазар на овој начин како што го прават, нема проблем, ќе се вратат, но ќе плаќаат цена којашто ќе биде нешто повисока и од пазарната и верувам дека на тој начин овој тренд ќе престане и дека нема да имаме многу итарпејовци да измислуваат разни начини како да се враќаат назад од слободниот на регулираниот пазар – вели претседателот на РКЕ Марко Бислимоски за  Радио Слободна Европа.

    Бислимоски засега не открива колку тарифи ќе има и како ќе изгледаат тие.

    На регулираниот пазар се оние фирми со помалку од 50 вработени и годишен промет под 2,5 милиони евра. Големите фирми набавуваат струја на слободниот пазар.

    Неодамна владата соопшти дека  дел од големите фирмите кои треба да бидат на слободен пазар со малверзации успевале да се вратат на регулираниот пазар. Тие отворале мали фирми ќерки а потоа го закупувале броилото и користеле струја од регулираниот пазар како мала фирма. Меѓу нив имало индустриски компании, ланец маркети, аптеки, казина, осигурителни компании, мобилни оператори и речиси сите општини.

    Поради напливот на вакви фирми на регулираниот пазар, ЕСМ во првата половина од годинава потрошило 30 милиони евра за увоз на струја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img