More

    Блок 1 на РЕК Битола утрово е исклучен од мрежа поради скинати цевки во котелот на постројката

    spot_img

    Блок 1 на РЕК Битола утрово е исклучен од мрежа поради скинати цевки во котелот на постројката. Во тек е дефектажа која точно ќе ги лоцира аномалиите, по што во најбрз можен рок Блокот ќе биде саниран и вратен во функција, соопштија од РЕК Битола.

    „На Блок 1 пред една недела беа извршени сервисно – ремонтни активности кои, за жал, не можат да предвидат или превенираат ситуација како денешната. Секој од трите блока на РЕК Битола има котел составен од цевки со должина од околу 700 километри, поставени на различни нивоа, низ кои поминува пареа со топлина од над 500 степени Целзиусови. Кон санација на оштетувањето се пристапува откако ќе се создадат физички услови за интервенција“, се аведува во соопштението.

    Од компанијата  наведуват дека паради енергетската криза во која се наоѓа државата и потребата од постојано и зголемено производство на електрична енергија, ремонти и санација на делови од блоковите се изведуваат кога ќе се укаже можност за тоа, без притоа да се загрози стабилноста на постројките.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img