More

    Блинкен и го честиташе националниот ден на Хрватска

    spot_img

    Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во име на Соединетите Американски Држави им го честиташе националниот ден на народот на Хрватска.

    „Додека Хрватска ја слави својата 15-годишнина како сојузник во НАТО, ви благодариме за вашиот важен придонес за Украина, нашата колективна безбедност и зајакнувањето на трансатлантските односи“, напиша Блинкен, а Стејт департментот го објави во соопштението.

    Тој додаде дека САД се горди што гледаат дека улогата на Хрватска како регионален лидер е подобрена преку безбедносна соработка и економска интеграција, унапредувајќи ја заедничката цел – поголема евроатлантска интеграција на целиот Западен Балкан.

    „Нашите заеднички вредности се поткрепени со нашето долгогодишно и длабоко пријателство“, рече Блинкен.

    Денеска Хрватска го слави Денот на државноста – пред 34 години, на 30 мај 1990 година, беше конституиран првиот демократски, повеќепартиски Парламент.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img