More

    Бившата на Безос повторно се разведе

    spot_img

    Меккензи Скот, поранешната сопруга на Џеф Безос, се разведува и од својот втор сопруг, професорот Ден Џует, по помалку од 2 години брак.

    Скот поднела барање за развод во понеделникот, во Врховниот суд на Округот Кинг во американската сојузна држава Вашингтон. Според наводите во „Њујорк тајмс“, Џует не го оспорил разводот, а поделбата на имотот веќе е одредена со предбрачниот договор.

    Меккензи и Ден се венчаа тајно во март 2021 година, а гласините говорат дека проблемите во нивниот брак настанале кога таа престанала да го користи неговото презиме во своите потписи. Така, и на страницата „Гивинг плеџ“ (Giving Pledge), каде што милијардерите оставаат дел од своето богатство на други лица, неговото презиме веќе не се појавува покрај нејзиното.

    Инаку, Меккензи и Безос се разведоа 2019 година по 25 години брак. Тие се родители на четири деца – три сина и една ќерка што ја посвоиле во Кина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img