More

    Битолската полиција поднесе пријава за 37-годишен сопственик на фирма

    spot_img

    СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против Д.А.(37) од Битола и правно лице од битолското село Кравари, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело казниво по член 95-в од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.

    Првопријавениот, во својство на овластено лице – управител на правното лице, кое поседува одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, информираа денеска од МВР, ја искористил опремата и просторот на субјектот и вршел одгледување на канабис во производните простории на правниот субјект, спротивно на одредбите од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

    „Имено, првопријавениот не доставувал известувања до надлежното Министерство, односно до Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на просторот, опремата и кадарот за одгледување на медицински канабис и тоа за извршената набавка, собирање, сушење, пакување, складирање и отпад, ниту пак, известил за добиени количини на влажна-сува материја“, се појаснува во соопштението од МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img