More

    Битолската електрана загадува 10 пати над дозволеното!

    spot_img

    Континуираното занемарување на обврските за контрола на загадувањето доведе до сериозно зголемување на емисиите на штетни гасови од термоелектричните централи на Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Според најновиот извештај на Bankwatch, загадувањето со сулфур диоксид (SO₂) од овие централи е дури 5,7 пати повисоко од дозволеното.

    Електраната во Битола останува една од најголемите извори на загадување со сулфур диоксид во Европа. Според извештајот, емисиите на РЕК Битола ги надминуваат дозволените граници повеќе од 10 пати, што дополнително ја влошува состојбата со воздухот во регионот. Ваквото загадување претставува сериозна закана за здравјето на населението.

    Иако Секретаријатот на Енергетската заедница отвори случаи против земјите, вклучувајќи ја и Македонија, досега ниту една од владите не презела конкретни мерки за намалување на загадувањето. Операторите на термоцентралите продолжуваат со работа, без да се усогласат со европските еколошки стандарди.

    Иако е предвидено постепено затворање на термоелектраните во Македонија, ваквите планови се одложуваат, а загадувањето останува на високо ниво. Извештајот потенцира дека не постојат реалистични планови за намалување на емисиите, што ја доведува земјата во ризик од натамошни еколошки санкции.

    Извештајот нагласува дека Македонија треба да го забрза преминот кон обновливи извори на енергија. Наместо да инвестира во нови јагленокопи, неопходно е да се фокусира на технолошки решенија кои ќе го намалат загадувањето и ќе обезбедат енергетска одржливост на долг рок.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img