More

    Биткоинот го постигна историски највисокото ниво и чини над 72.000 долари

    spot_img

    Цените на биткоинот денеска се искачија на ново историски највисоко ниво и ја преминаа границата од 72.200 долари откако британскиот финансиски регулатор соопшти дека за првпат ќе им овозможи на тамошните берзи да тргуваат со производи поврзани со криптовалути.

    Според податоците на веб-страницата за крипто-размена на „Бајнанс“, цената на биткоинот денеска во 12.50 часот накратко достигна вредност од 72.214,7 долари.

    Британскиот регулатор објави во соопштение дека нема да се спротивстави на барањата од признаени инвестициски берзи во Велика Британија за тргување со должнички хартии од вредност (ETN), кои ја следат цената на криптовалутите, пренесува Индепендент.

    Берзите треба да им обезбедат соодветна заштита на професионалните инвеститори во овој сегмент од трговијата, се нагласува во соопштението.

    Вредноста на биткоинот во последно време постојано расте, а во петокот првпат ја премина границата од 70.000 долари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img