More

    Битката за Славјанск најверојатно ќе биде следното клучно бојно поле во битката за Донбас, бидејќи руските сили се приближиле на 16 километри од овој град

    spot_img

    Битката за Славјанск најверојатно ќе биде следното клучно бојно поле во битката за Донбас, бидејќи руските сили се приближиле на 16 километри од овој град, објави британското Министерство за одбрана, пренесува Гардијан.

    Се верува дека руските сили сега се на околу 16 километри северно од Славјанск, според најновиот извештај на британското разузнавање.

    Украинскиот гувернер на Луганск, Сергеј Гаидај, утринава изјави дека продолжуваат борбите и во селата околу Лисичанск, градот за кој се смета дека е под руска контрола. Но, не и неговата околина. Како што Гаидај изјави на Телеграм, некои населби „веќе двапати биле под една или друга контрола“.

    Тој повтори дека до 15.000 цивили останале во Лисичанск и 8.000 во Северодонецк, додавајќи дека „денешните видеа од Лисичанск се болни за гледање“.

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, размислува за контрофанзива на Украина на југ и одбрана на Донбас. Тој го повтори повикот за понатамошна испорака на оружје од Западот, особено модерни системи за противракетна одбрана, со цел да се одбранат украинските градови.

    – Да може да се одбрани земјата од руски ракетни напади пред крајот на годината е клучна задача на украинското раководство – рече Зеленски во видео-обраќањето во вторникот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img