Битиќи во компанијата КИМ: Со финансиската помош на Владата го поттикнуваме растот на компаниите, ги правиме поконкурентни и поразвиени

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, ја посетија прехранбената компанија „КИМ“ од Неготино која слави 25 години успешно работење.

Во неговата изјава, вицепремиерот Битиќи рече дека се работи за компанија формирана од 100 % домашен капитал која во своите почетоци произведуваше доматен кечап во пакување единствено од еден килограм, но која со времето успешно ја разви палетата на производи со производството и на мајонез, сок од домати, тартар сос, чоколаден прелив, мармалади како и организирање на производство на печурки.

„Задоволство е кога гледам како нашите компании успешно се развиваат и ги освојуваат странските пазари, како што е примерот со КИМ Неготино, која покрај во Северна Македонија, своите производи ги пласира во сите земји на Западен Балкан, во скандинавските земји па дури и во прекуокеанските земји. Токму затоа КИМ беше поддржана од Владата преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите потпишан во 2018 година со веќе исплатени средства од над 500 илјади денари, која се надевам ќе продолжи и во иднина преку нов финансиски циклус“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи додаде дека оваа компанија има искористени средства и преку ИПАРД фондовите, но и КОВИД средствата кои Владата ги намени за компании кои се осмелија да инвестираат и во време на КОВИД.

„Нашата стратегија преку Законот за финансиска поддршка на домашните компании е да ги идентификуваме секторите кои можат да имаат додадена вредност за да бидат поконкурентни не само на домашниот пазар туку и во странските пазари.

Само во 2022 година се потпишаа преку 270 договори за поддршка со компании кои влегоа во инвестициски циклуси од околу 145 милиони евра и ќе креираат повеќе од 3.700 работни места во наредните пет години или до завршувањето на нивните договори“, рече Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека Планот за економски раст поставен во 2017 година, потврдува дека оваа Влада го знае вистинскиот пат за економски раст и развој на нашата земја, преку економски мерки и политики да влијаеме на рамномерниот регионален развој наспроти креирање на економии кои го продлабочуваат јазот во регионите.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, изјави дека како Даночна управа, ги негуваат, унапредуваат и ги заштитуваат дисциплинираните даночни обврзници, што впрочем беше и целта на нејзината посета во КИМ заедно со вицепремиерот Битиќи.

„Ова е тој однос кој треба да го градиме помеѓу компаниите и Управата за јавни приходи, партнерскиот однос. Во пресрет на 25 годишнината им посакувам да прослават уште многу јубилеи, и да останат бренд препознатлив во нашата земја, и се радувам што користеле средства од фондот КОВИД кој пак бил искористен за понатамошно развивање на компанијата“, изјави Лукаревска.

- Advertisement -
Ad image

Сопственикот на компанијата КИМ, Славчо Јорданов, се заблагодари за државната финансиска помош.

„Имаме искористено три пакети државна помош, над 4,8 милиони денари во 2018 година преку ИПАРД фондовите, потоа во мај 2020 година кога се објави државната програмата за поддршка на компаниите за време на КОВИД добивме 25% од инвестираните 200 илјади евра, сега се надеваме да ја искористиме помошта на Агенцијата за странски инвестиции во делот на вработувања“, изјави Јорданов.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article