Битиќи вели дека тоа нема да биде проблем за Буџетот за 2004 година

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска, одговорајќи на новинарски прашање, рече дека ако Законот за солидарен данок „падне“ на Уставен суд, парите на компаниите ќе им се враќаат од буџетот наредната година.

Битиќи не верува дека Законот ќе биде оспорен од Судот.

– Кажав дека до овој момент има законска обврска за плаќање на солидарниот данок, а средствата ќе се користат за антикризни мерки кои ќе бидат соопштени наредните денови. За следната година, бидејќи правиме проекции на буџетот, и бидејќи кризата е се уште активна, ќе има средства за антикризни мерки. Ако евентуално прејудицираме дека таква одлука може да се донесе, мислам дека има доволно испланирани средства во државната каса, но првично, намената е за антикризни мерки. Ако има таква одлука, тогаш ќе треба да се земат од граѓаните и да им се вратат на компаниите што мислам дека нема да се случи. Средствата ќе се вратат од наредниот буџет, од сегашниот не е возможно зашто е веќе крај на годината, рече Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на промоцијата на проектот „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени во Северна Македонија“.

Share This Article