„Ако сме навикнале во зима температурата дома да ја држиме на 24 степени и да шетаме на кратки ракави, најверојатно ќе треба да се навикнеме да живееме на 22 степени во зима, а во лето, ако е 24, температурата да ни биде 26 степени“, советува вицепремиерот Фатмир Битиќи во емисијата Клик Плус на ТВ21.
Кризата ќе трае до крај на годината, но Битиќи смета дека ќе ја имаме и на почетокот на 2023 година. Тој повика на поголема разумност на сите чинители и против кризата сите заедно да се бориме.
– Секој еден степен значи штедење. Таа електрична енергија што некој ни ја обезбедува, треба да ја вратиме, за да mu помогнеме на стопанството – изјави Битиќи.